Брачен пар ќе добие 208 милиони долари оштета од Toyota – еве и зошто

ОБЈАВЕНО НА:

Сојузниот суд во американскиот град Далас донесе несекојдневна судска одлука според која јапонскиот производител Toyota ќе мора да исплати 208 милиони американски долари на име оштета на еден брачен пар.

Оваа одлука судот во Далас ја донесе откако против брендот Lexus кој функционира во рамките на Toyota Motors овој брачен пар покрена судска постапка. Оваа судска постапка брачниот пар ја покрена по сообраќајната несреќа која ја доживеаа во својот Lexus по што откажале предните наслони на седиштата и предизвикале сериозни повреди на нивните деца.

Сообраќајната незгода се случила во септември 2016 година кога нивниот автомобил Lexus ES300 кој бил во неподвижна состојба бил удрен од Honda Pilot во задниот дел. Од силината на ударот, наслоните од предните седишта делумно попушиле и се придвижиле спрема задниот дел каде се наоѓале нивните деца – тригодишно момче и петгодишно девојче. При тоа, тие претрпиле сериозни трауми на главата и други повреди.

Во тужбата, се наведува дека овој автомобил имаат конструктивни, дизајнерски и структурални недостатоци. Оттука, Toyota ги дизајнирала седиштата на тој начин да во случај на несреќа прво се заштити возачот и совозачот, па потоа и оние кои седат позади.

Од јапонскиот производител изјавија дека ја почитуваат одлуката на судот и покрај тоа што пресудата има сериозни недостатоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK