BMW создаде мотоцикл, кој сам вози (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделението на BMW Group- BMW Motorrad, кое се заминава со производство на мотоцикли откри детали за уникатен проект, а се работи за мотоцикл со автономно управување.

Специјалното BMW R 1200 GS било покажано за време на BMW Motorrad Techday 2018 минатата седмица. За време на демонстрацијата моторот стартувал сам од место, минал неколку свиоци, а потоа запрел на определеното место целосно сам.

Од BMW коментираат, дека и покрај тоа што имаат напредни размислувања и достигнувања, компанијата никако не цели кон целосно автономно управување на мотоциклите.

„Основните технологии треба да бидат користени како платформа за изработна на идните системи и функции, кои треба да ги направат мотициклите уште побезбедни, покомфорни и да се зголеми задоволството во управувањето“, споделуваат од BMW Motorrad.

Паралелно со претставувањето на автономниот мотоцикл за време на BMW Motorrad Techday 2018 компанијата демонстрираше и редица други нови технолошки решенија, а меѓу нив беа рамка и елементи за суспензија произведени преку 3D печатење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK