BMW го потврди доаѓањето на i4

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамките на саемот за автомобили во Париз, шефот на BMW, Харалд Кригер ги потврди гласините околу лансирањето на нов, четврти електрични модел кој ќе го носи називот i4.

Без да навлегува во детали, Кригер изјави дека верува дека и i4 ќе биде успешен производ пред се поради фактот што германскиот производител досега оваа година има продадено над 100.000 автомобили на електрифициран погон.

I4 ќе биде целосно опремен со електрични погон, а ќе се појави во текот на 2021 година, година по новите i3 и iX3, а во иста година кога е планирано и лансирањето на iNEXT електричнит модел. Од она што се шпекулира, овој автомобил ќе има автономија од околу 600 км, а до 100 км/ч ќе забрзува за нешто помалку од 4 секунди. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 200 км/ч.

Вкупно досега, BMW има продадено над 300 илјади електрични и хибридни автомобили и со оваа бројка претендира да биде лидер во сегментот на електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK