Заради картелно здружување: Scania казнета со 880 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител на камиони Scania е казнет со 880 милиони евра од Европската комисија поради картелно здружување и договор со уште пет водечки компании во индустријата. Dаimler, Volvo, Iveco и DAF се имињата на другите производители, кои беа казнети со вкупно 2,9 милијарди евра во 2016 година, кога Scania беше исклучена од договорот поради нејзино одбивањето да соработува.

Картелното здружување траело 14 години, тврдат од ЕК. Наведените компании произведуваат 90% од тешките и средни камиони што се продаваат во Европа. Volkswagen Group, чија сопственост се Scania и MAN, беше вмешан во друг голем скандал пред една година, поврзан со лажни резултати на дизелските автомобили при проверка на емисиите на издувни гасови, што ги чинеше милијарди долари и сериозен удар за угледот на брендот.

MAN беше единствената компанија што помина без казна, бидејќи истрагата започна по нејзина пријава, а останатите компании, што соработуваа во случајот, добија по 10% намалување од казната. Daimler е со највисока казна од компаниите во износ од 1,01 милијарди евра, а оваа на Scania е втора по големина.

Шведската компанија сепак не се согласи со обвинувањата и ќе поднесе жалба во суд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK