За да ги избегнат најавените такси: BMW само ќе склопува возила во САД

ОБЈАВЕНО НА:

BMW може да пресели дел од сопственото производство од Германија во САД, во фабриката за кросовери во Јужна Каролина, доколку претседателот на САД, Доналд Трамп продолжи со заканите за зголемување на таксите за увоз на автомобили.

Но, во фабриката во САД всушност само би се склопувале автомобилите, вклучувајќи го дури и моделот серија 5. Ова веќе го прави Mercedes со тоа што нивните Sprinter cargo ван возила се склопуваат во Чарлстон, Јужна Каролина иако сите делови се произведени во Германија. На тој начин се избегнува повисокиот данок.

Во Спартанбург каде е фабриката на BMW се произведуваат кросовери, но лесно може производната линија да се пренамени и за друг тип на возила.

BMW е под притисок на Трамп поради одлуката за градење на нова фабрика во Сан Луис Потоси во Мексико. Неодамна Трамп во интервју за весникот Bild му порача на BMW „да заборави да продава автомобили во САД што се произведени во Мексико без да има царина од 35 отсто“.

Почнувајќи од 2019 година, BMW почнува целосно производство на серија 3 седна во Мексико, што е дел од спогодбата за слободна трговија што вклучува повеќе пазари, меѓу кои и САД и Европа. Во моментов капацитетот на фабриката во САД е 150.000 возила годишно, а онаа во Мексико ќе биде трипати поголема со капацитет од 450.000 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK