Volkswagen ќе потроши милијарди да го подобри имиџот

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да се заборави скандалот со дизелските мотори и емисијата на штетни гасови, Volkswagеn ќе „уфрли“ во друга брзина и ќе се фокусира на електричните возила и новите сервиси за мобилност во битка да се подобри имиџот. Тоа ќе донесе и кратење на многу трошоци за да се направи простор за оваа трансформација.

Volkswagen ќе потроши околу 10 милијарди евра во текот на следните пет години да се зголеми ефикасноста на моторите со внатрешно согорување за 10 до 15 проценти во пресрет на построгите стандарди за емисија на гасови во Европа, САД и Кина.

VW исто така ќе инвестира во електричните мотори и тоа околу 9 милијарди евра во истиот период, вклучувајќи ја и новата генерација на целосните хибриди за САД. Во последните три години VW потроши 3 милијарди евра за технологија со нулта емисија.

Со цел да се намалт трошоците VW ќе ги намали различните видови на моторот за широките пазарние модели и тоа за 40 отсто до 2020 година

Следете не и на:

24AUTO NETWORK