Уште едно откажување: Jaguar Land Rover го пропушта саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Jaguar Land Rover велат дека нема да се појават на саемот во Женева во март следната година бидејќи сметаат дека ваквите појавувања на изложби им носат само загуби. Според информациите направени се пресметки од страна на челниците и тие одлучиле дека во иднина ќе вложуваат на своја промоција без учество на саеми.

Откажувањето од големите изложби се поврзани со плановите на производителот на Велика Британија за кратење на расходите поради големите загуби кои беа претрпени во текот на оаа година. Причината за лошите бројки се намалените продажби во Кина, како и неизвесноста околу претстојното излегување на Велика Британија од Европската унија.

Од учество на саемот се откажа и американската компанија Ford, која смета дека напролет ќе биде подобро да организира свој настан за промоција. На него ќе биде претставен и целосно новиот модел наменет за европскиот пазар. Освен Ford, саемот во Женева ќе го пропушти и Volvo.

Последниот нов модел, покажан од Land Rover, беше кросоверот Range Rover Evoque (на фотографијата). Неговата премиера беше направена на скриен настан од јавноста во Лондон. Цените на возилата ќе бидат познати на крајот од годината кога ќе стартува и продажбата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK