Трошоците на VW за Дизелгејт достигнаа 25 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се мислеше дека Volkswagen лесно ќе помине во САД по избивањето на аферата Дизелгејт и дека откако ја признаа грешката сѐ ќе заврши со плаќање на казна се излажаа. Сега VW треба да плати дополнителна казна од 1,22 милијарди долари, откако е постигнат договорот со федералните власти околу софтверот што го имало во 3.0 TDI моторите.

Компанијата можеше да плати дури 4 милијарди долари ако регулаторите не дозволеа поправање на спорните мотори. Лани VW се согласи да плати 14,7 милијарди долари и д апоправи или откупи 475.000 возила кои го имале спорниот осфтвер. Половина од ови евозила се или поправени или откупени.

Покрај оваа казна VW ќе мора да ги откупи или да поправи околу 80.000 возила со овој мотор со САД. Доколку сопствениците сакаат да ги задржат возилата тогаш VW ќе мора да им плати меѓу 7 и 16 илјади долари и плус бесплатно да ги средат софтверите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK