Seat рекордно: Уште во ноември го исполни планот за 2016

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот производител SEAT објави пораст на продажбата од 18,7 проценти во однос на лани. Практично во текот на ноември годинава била достигната реализацијата која била остварена при продажбата за време на целата 2016 година. Сега еден месец останува за постигнување на рекорди.

Во текот на минатиот месец барањето за автомобилите на компанијата достигнато до 40.400 примероци, а тоа на крајот од првите 11 месеци значело вкупна бројка од 435.500 автомобили што е за 56.000 повеќе отколку за истиот период во 2016 година. Во текот на целата мината година биле продадени вкупно 409.000 возила.

Seat бележи голем пораст на секој од 12-те основни пазари што е нов рекорд за историјата на марката. На територијата на Германија, компанијата регистрира подобрени резултати за 14,8 проценти (94.900 возила), во Шпанија 21,3% (88.400), Велика Британија 18,3%(52.300), Турција 13,4% (19.400), Австрија 16,5% (16.600), а во Швајцарија 33,7% (9400).

Само во ноември продажбите на SEAT во Германија биле зболемени со 25,6 проценти, а во Шпанија со 19,8 посто.