Се појавува нов бренд: Виетнамскиот VinFast ќе дебитира на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Новосоздадениот виетнамски производител на автомобили VinFast ќе дебитира на саемот во Париз со две премиери.

Како што пренесоа националните медиуми, на салонот за автомобили во Париз по прв пат саемско излагање ќе имаа оваа компанија за која веќе одреден период работи Pininfarina. На овој саем ќе дебитира со седан и SUV модел, и двата дело на италијанското дизајнерско студио.

Иако се познати многу малку информации околу техничките карактеристики на автомобилите, она што може да се примети од тизер фотографиите е дека врз двата модели има аплицирано иста дизајнерска филозофија која се огледа во истакнатите предни LED ссветла кои се движат од краевите кон средината на предната маска и благото спуштање на задниот дел кон багажникот.

VinFast SUV

Инаку брендот VinFast е во сопственост VinGroup корпорацијата која е во 100% виетнамска опственост. Производството на овие два модели се очекува да започне кон крајот на следната година, а во моментов компанијата во северниот град Хаи Фонг интензивно ја гради првата фабрика која ќе биде најголемата фабрика за автомобили во овој дел од светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK