Renault не му се плаши на Трамп – продолжува соработката со Иран

ОБЈАВЕНО НА:

Renault не му се плаши на Доналд Трамп. Откако пред речиси еден месец американските државни институции се заканија дека ќе ги санкционираат сите оние компании односно субјекти кои соработуваат, директно или индиректно со компании од Иран, Renault се одлучи да ги игнорира овие закани кои потекнуваат од администрацијата на Трамп и да продолжи да го обавува бизнис активностите во оваа азијска земја.

Во 2015 година земјите од Европската Унија заедно со САД и останатите земји од Комовелтот потпишаат мултилатерален договор со Иран со кој беше предвидено стопирање на сакнкциите што западните земји ги имаа кон Иран, а за возврат оваа азијска земја требаше да се откаже од нуклеарната програма.

По ова многу компании од ЕУ меѓу кои и PSA и Renault ги обновија своите бизниси. Токму и овие две компании се наоѓаат на најголем удар по повлекувањето на САД од овој договор на почетокот на оваа година.

“Кога повторно пазарот во Иран ќе се отвори ние ќе бидеме во предност” изјави првиот човек на Renault, Карлос Гон на собирот на акционерите на Renault при образложувањето на одлуката за останување во Иран.

Renault минатата година во Иран продаде речиси 160 илјади нови автомобили со што овој пазар е трет најголем во портфолиото на францускиот производител по Франција и Бразил. Од друга страна во САД овој бренд воопшто не е застапен, а последен пат Renault автомобилите во САД се продаваа во раните 80ти.

Токму и оттука доаѓа одлуката на Renault со која и покрај заканите и можните санкции, се одлучија да продолжат да соработуваат со локалните ирански компании и дел од своите бизнис процеси да ги пренесе во Иран.

Сепак Гон појасни дека Renault е во постојан контакт со администрацијата на САД околу појаснување и допрецизирање на тоа што санкциите спрема Иран вклучуваат, а што не. Сега останува да видиме како САД ќе реагира на оваа соработка и дали Renault-Nissan алијансата ќе се соочи со санкции од страна на САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK