Расте бројот на ново продадени возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови возила во Европа скокна за 8,4 отсто во првиот квартал од годината, а само во март порастот е 11,2 отсто според податоците на Европската Асоцијација на авто призводители. Вкупно само во март се продадени, односно ново регистрирани 1.891.583 возила.

Овие бројки се најмногу поради фактот што годинава Велигден се прославуваше во април, а лани тоа беше во март. Во однос на бројки, мартовските показатели се рекордни. Сите пет големи пазари во Европа покажа пораст, Италија (+18,2 отсто), Шпанија (+12,6 оттсо), Германија (+11,4 отсто), а добра продажба забележаа и В.Британија (+8,4 отсто) и Франција (+7 отсто).

Во однос на првиот квартал на 2017 побарувачката за нови возила е порасната за 8,4 отсто, на вкупно 4.141.269 возила. Во Италија има најголем пораст (+11,9 отсто) а во вкупната продажба забележителен удел имаат и Шпанија (+7,9 отсто), Германија (+6,7 отсто), В.британија (-6,2) и Франција (4,8 отсто).

Кога станува збор за брендовите тогаш најголем пазарен удел има VW групацијата со 21,4 отсто (403.289 возила) и пораст од 6,2 отсто. PSA групацијата има удел од 9,4 отсто (181.123 возила) и пораст од 6,7 отсто. Renault групацијата имa удел од 9,5 отсто (183.077 возила) и пораст од 14,4 отсто.

Најголем пораст во продажбата има кај Suzuki каде тој скок е 23,8 отсто само во март во однос на истиот месец лани, и кај Jaguar Land Rover со пораст од 26 отсто.
Намалување на продажбата има кај јапонските компании: Mazda (-0,6), Honda (-14,5) и Mitsubishi (-2,8). Кај другите јапонски марки падот е 5,6 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK