Продолжува партнерството: Opel и Борусија Дортмунд заедно до 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Opel и фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд го продолжија партнерство за уште пет години, со понатамошно проширување на соработката. Сега логото на Opel ќе биде ставено на ракавите на дресовите на Борусија Дортмунд, и тоа почнувајќи од сезоната 2017/2018, во Бундеслигата, и сега е еден од стратешките партнери на победникот на Купот на Германија.

За разлика од другите три стратешки партнери BVB, главниот спонзор “Evonik” и добавувач “Puma” и “Signal Idunе”, која ги поседува правата за името на стадионот, Opel нема да стане акционер.

Наместо тоа, стратешкиот пристап предвидува поблиски врски со Борусија Дортмунд во областа на комуникација и активностите. Ова го потврдија Јирген Келер, извршен директор на продажба на Opel, маркетинг и постпродажба во Германија, и извршниот директор BVB, Ханс-Јоаким Вацке на денешната прес-конференција, што се одржа во Дортмунд.

Партнерство меѓу Opel и Борусија Дортмунд започна во август 2012 година, а според истражувањата спроведени од страна на Институтот за истражување во областа на маркетингот, “Нилсен Спорт” и Техничкиот универзитет Брауншвајг, истиот е оценет како еден од најдобрите во контекст на германскиот фудбал, кога е во прашање на взаемна доверба и одржливост.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK