Ова е фирма: Daimler ќе подели 741 милион евра бонус на вработените

ОБЈАВЕНО НА:

Една од профитабилните индустрии е производството на автомобили, и вработените секоја година се радуваат на бонусите што ги добиваат од своите работобавачи за успешната година. Автомобилскиот гигант Daimler објави дека како резултат на рекордни пазарни перформанси на компанијата минатата година, раководството ќе обезбеди рекордни бонуси за околу 130.000 вработени во Германија.

Пресметано во вкупна сума станува збор за 741 милион евра, а секој работник во компанијата ќе добие дополнителни до 5.700 евра на нивната плата во април.

“Нашите вработени направија сериозен придонес во изработка на 2017 година за најуспешна година во историјата на Daimler”, изјави Мајкл Брехт, претседател на заедничкиот одбор на Daimler AG. “Овој бонус покажува дека ние соодветно го делиме успехот на компанијата со нашите работници”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK