Отпуштања поради електричните возила: Работниците на Mercedes се плашат за своите места

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила користат мотори што се составени од помалку делови и бараат помалку работници на производната лента.

Работниците во најголемата фабрика за мотори на Mercedes-Benz се загрижени за нивните места бидејќи овој производител се префрла сѐ повеќе на технологијата на електрични возила. Тоа значи и намалување на бројот на работни места, а работниците се борат за проширување за производните капацитети.

Во фабриката во Унтертуркхајм работниците ќе прекинат да работат прекувремено, а Daimler најави дека ќе се намали и производството на мотори што ќе значи и откажување на смена за производство на E-Class sedan.

Разликите меѓу работниците кои произведуваат мотори со внатрешно согорување и менаџментот кој сака фабриката да се префрли на новата електрична технологија станува се поочигледна. Во оваа фабрика во моментов работат 19.000 работници.

Mercedes инвестира 10 милијарди евра, и се продготвува да промовира 10 електрични возила, и очекува до 25 отсто од продажбата да биде токму од новата технологија до 2025 година. Тоа ги подгрева шпекулациите дека ќе има затворање на работни места во фабриката за мотори. Електричните возила користат мотори што се составени од помалку делови и бараат помалку работници на производната лента.

Daimler и синдикатот на работници преговара од мај месец откако компанијат аги објави плановите за почеток на производство на батерии и други компоненти за електрични возила во фабриката во Унтертуркхајм , која постои 110 годинаи и е блиску до дирекцијата на Daimler.