Ништо ново во Европа: Golf продолжува да царува

ОБЈАВЕНО НА:

Анализирајќи ја продажбата на нови возила во Европа во првите осум месеци останува истата констатација што беше и досега – VW Golf останува да царува, и да има најдобри продажни резултати. Дури и во ситуација кога има помала продажба во споредба со истиот период лани.

Според податоците на агенцијата Focus2Move, најпродаваниот европски автомобил продолжува да биде Volkswagen Golf со вкупно 356.153 возила во првите осум месеци од годината. Како што Golf продолжува да владее, легендарниот модел исто така, го забележува најголемиот пад на побарувачката во Топ 10 на европските автомобили.

Доминацијата на VW ја задржува моделот Polo, иако и таму има пад, од 0,8 отсто. VW Polo има забележано вкупно 255.195 продадени возила од јануари до крајот на август годинава. На третата позиција, со завиден раст од 11,3% до 246.813 автомобили се приближува Renault Clio.

Во Топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Европа од почетокот на годината влегуваат исто така и Nissan Qashqai (+ 7.1% до 189.822 возила), Ford Fiesta (-7.3% до 188.777), VW Tiguan (+ 61.2% до 175.939), Skoda Octavia (-2% до 174.189), Opel Astra (+ 2.1% до 172.484), Opel Corsa (-8.4% до 171.682) и Ford Focus (+ 5.5% до 169.570).

Податоците на Focus2Move покажуваат дека со најголем раст во побарувачката на крајот на првите осум месеци од годината може да се пофали Seat Ateca (+ 1359% до 46.007 единици), а потоа се Fiat Tipo (+ 173%), Peugeot 3008 (+ 148%), VW Tiguan, Lada Vesta (+ 45,6%), Citroen C3 (+ 43.4%), Renault Megane (+ 42.6%), Mercedes GLC (+ 39%), Nissan Micra (+ 37.7%) и Volvo XC60 (+ 31%).