Не е Toyota, не е Volkswagen – најголем светски производител е Renault-Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Француската компанија има најдобри резултати во првите шест месеци од година, надминувајќи ги и Toyota, и Volkswagen.

Оживувањето на пазарот во Русија и зголемувањето на продажбата во Европа во првата половина на годината беа причина Renault-Nissan да оствари рекордни резултати и да ги престигне ривалите, Volkswagen и Toyota. Така Алијансата стана најголемиот автопроизводител на светот.

За првите шест месеци на 2017 година компанијата има продадено вкупно 5.268.079 автомобили – во кои се вклучуваат и оние на новото засилување во Renault-Nissan, односно Mitsubishi Motors.
Бројот на продадени Renault возила глобално пораснал за 10,4 проценти во однос на минатата година и достигна 1.879.000. Volkswagen, кој беше лидер за 2016 и покрај последиците од дизелгејт аферата продал 5.155.600 возила, а за Toyota останува третото место со 5.129.000 возила.

General Motors, која беше лидер со децении, регистрира 4,7 милиони возила. Компанијата во моментов се повлекува од региони со голема конкуренција како Европа и Индија.