Нарачајте си Ford преку Alibaba

ОБЈАВЕНО НА:

Ако не можете да отидете во салон и да си купите автомобил за кој што веќе сте се определиле тогаш тоа за вас ќе го стори Alibaba. Kомпанијата објави дека се согласила да соработува со гигантот Ford Motor, кој истражувал нови начини за продажба на автомобили на американскиот гигант.

Ford ќе соработува со четири подружници на Alibaba Group, вклучувајќи ги и Alios, Alibaba Cloud, Alimama и онлајн гигантот Tmall. Во почетната фаза на новата деловна иницијатива, двете компании ќе истражуваат нови можности за продажба, вклучувајќи тест возење, пред-продажба и лизинг.

Оваа вест доаѓа во време на најавата на Ford дека компанијата ќе понуди 50 нови модели и модификации на кинескиот пазар до 2025 година, вклучувајќи и 15 целосно електрични автомобили.

“Кина не е само најголемиот светски автомобилски пазар, туку е и основа за раст на побарувачката за електрични и спортски автомобили”, вели Бил Форд, извршен директор на Ford Motor. “Успехот што го имаме во Кина е само почеток. Сега имаме шанса да се прошириме со присуство во Кина и да понудиме уште повеќе за нашите клиенти, партнери и општество“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK