Моделот 3 на Tesla се распаѓа на дожд

ОБЈАВЕНО НА:

Додека американскиот производител со гордост објави дека за една година достигнал производство од 70 илјади примероци на моделот 3, на интернет се појави тврдење во кое сопственик на ваков автомобил тврди дека неговиот автомобил останал без браникот. Банално е што паѓањето на браникот не е поради некој инцидент во сообраќајот.

Како што тврди засега неименуваниот сопственик со корисничка сметка на Twitter под називот rithesh, браникот отпаднал како последица на силниот дожд, нешто што не треба да се случува и не е карактеристично за другите автомобили.

Тој се движел дома токму од продажен салон на Tesla од каде го подигнал автомобилот, а силното невреме кое го затекнало придонело за откачување на задниот браник.

Несреќниот сопственик смета дека причина за ова е грешка при конструкцијата и производството на автомобилот додека од американската компанија објавија дека ќе започнат со истрага, истовремено потенцирајќи дека Tesla постојано се стреми кон достигнување на највисоко ниво на квалитет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK