Mercedes останува крал на луксузот во САД

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај падот на продажбата на луксузни возила од 1,6 отсто, особено кај водечките брендови во САД, во април биле продадени вкупно 159.793 возила од овој сегмент. Mercedes Benz останува лидер пред BMW и Lexus.

Двата водечки бренда, Mercedes и Lexus објавија пад на продажбата, и тоа 7,9 отсто кај Mercedes и 9,3 отсто кај BMW, и тоа најмногу поради ограничената продажба на нивните клучни модели. Пад има и кај Lexus каде процентот е двоцифрен, 11 отсто за април.

Во април годинава Mercedes продал 26.932 возила, без комерцијалните возила. За првите четири месеци од годинава Mercedes продал вкупно 106.073 возила, што е за 1 отсто повеќе од лани. Моделите C class, GLE и E class ги направиле продажните бројки во април. Продолжува порастот и на AMG моделите, и тоа со 3.130 возила во април, односно вкупно 11.469 од почетокот на годинава. Тоа е пораст од 48 отсто.

Кај BMW има пад од 1,3 отсто, со вкупно 94.306 возила од почетокот на годинава. Но, компанијата објави зголемување на побарувачката за моделите X3 за 32 отсто, X1 за 29 отсто и серија 7 за 14 отсто само во април.

Најголем пад има кај Lexus каде е забележано 15 отсто помала продажба од почетокот на годината.
Продажбата на Audi пораснала за 5,1 отсто минатиот месец на 18.711 возила, а само во април целата VW групација продала 64.358 возила односно пораст од 8 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK