Менаџерите во Opel ќе заработат милионски бонуси

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors ќе им плати на главните менаџери на Opel милионски бонуси по продажбата на германскиот бренд на PSA групацијата без оглед на тоа дали тие ќе останат во компанијата.

Според германскиот „Менаџер Магазин“, деветте највисоко позиционирани менаџери во Opel можат заедно да поделат меѓу 20 и 30 милиони евра во зависност од тоа како ќе завршат преговорите. Opel не сакаше д аги коментира овие пишувања.
Целосното преземање на компанијата од страна на PSA би требало да заврши до крајот на годинава, но и покрај тоа треба одобрување од германските анти монополски власти.

Шефот на PSA, Карлос Таврес изјави дека има намера да ја задржи менаџерската структура и по превземањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK