Kia мерка половина милион возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Kia очекува на европскиот пазар да има учество од 3 отсто за прв пат, за што најмногу треба да помогнат новите модели Picanto и Rio.
„Ова е многу важна година за нас. Правиме големи чекори кон исполнување н анашата среднорочна цел за 500.000 воизла во Европа следната година, изјави Мишел Кол, оперативниот директор на Kia за Европа.

Kia лани продаде 435.317 возила во ЕУ и земјите ЕФТА лани, што е зголемување од 13 отсто во однос на претходната година, и имаа учество во пазарот од 2,9 отсто. Сестринската компанија Hyundai во 2016 година имаше пораст од 7,5 отсто, односно продадени 505.396 возила што е пазарно учество од 3,3 отсто.

Само во јануари годинава продажбата на Kia e зголемена за 20 отсто, што е за двапати побрз пораст во однос на растот на пазарот, бидејќи лани во вотрата половина од годината беа претставени нови модели како што е Niro hybrid crossover и Optima wagon што придонесе за пораст на продажбата.

Годинава планот на Kia e да продаде околу 460.000 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK