Казна за BMW поради неодговорно кредитирање

ОБЈАВЕНО НА:

BMW ќе треба да плати 77 милиони австралиски долари казна (околу 57 милиони долари) како компензација за австралиските потрошувачи кои земале кредит што не можеле да си го дозволат.

Ова е најголема програма за кредитна санација во Австралија. Плаќањето ќе обештети најмалку 15.000 корисници кои имал епотешкотии со плаќањето во периодот од јануари 2011 до август 2016 година поради земениот кредит.

Најголем дел од казната, околу 50 милиони австралиски долари ќе се искористат за отпишување на долговите, додека помала сума ќе се искористи за компензација, намалување на каматните стапки на постоечките кредити и за подобрување на финансиското заздравување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK