Hyundai му се закани на Трамп: Ако има санкции 20.000 Aмериканци ќе останат без работа

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно е во центарот на светската јавност со најавата за големи царини за сите протизводи што не се од САД. На ова одговор имаше јужнокорејскиот Hyundai. Според нив зголемени царини за автомобили ќе затворат десетици илјади работни места во нивната фабрика во Алабама ќе биде погодена, доколку Трамп наметне царински давачки од 25 отсто.

Синдикатот на Hyundai предупреди дека зголемувањето на царинските давачки за автомобили, што го разгледува Вашингтон, може да предизвика затворање на десетици илјади работни места во Америка и изрази загриженост за глобалната автомобилска индустрија поради интензивирањето на трговските конфликти меѓу САД и другите земји.

„Ако извозот на автомобили од Јужна Кореја во САД е блокиран и продажбата е загрозена, американската фабрика во Алабама, која работи од мај 2005 година, би можела да биде првата што ќе биде затворена, што значи дека околу 20.000 американски работници се изложени на ризик да добијат отказ, се наведува во соопштението.

Оваа синдикална организација, која има 51.000 членови во Јужна Кореја, потсетува дека во нивните договори со Hyundai Motors постои клаузула која гарантира дека компанијата прво ќе ги затвори фабриките во странство пред да ги затвори своите фабрики во Јужна Кореја во случај реструктуирањето да стане неизбежно.

Сега Трамп може да го навлече гневот на своите сонародници од неговите идеи, кои на момент се многу чудни и предизвикуваат многу негативни коментари.