Hyundai има цел: Од идеја до производство на возило за 18 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Секој производител пред да пушти во сериско производство некој модел минува неколку години во негов развој. Притоа се трошат и огромни средства и ресурси. Hyundai сака за многу пократно време да го реализира тоа. Сега сметаат дека трошат премногу пари и време на нови модели.

Сега процесот на создавање на нов автомобил е три години, односно од моментот кога дизајнерот ќе го скицира возилото, па до производната верзија. Hyundai сака тој период од 36 месеци да го намали на половина, на 18 месеци.

Животниот циклус на возилата постојано се намалува, а потрошувачите постојано сакаат нови модели, односно редизајн на веќе постоечките. Според Лук Донкеволкер, тој период од три години е предолг.

Корејците планираат во близина на Сеул да отворај нов центар за дизјан и развој што ќе чини 67 милиони долари и што ќе има 400 вработени. Така треба да се забрза процесот на создавање на новиот автомобил, и ќе бидат вклучени и повеќе луѓе и ќе има повеќе тестирања.