Genesis одличен во САД – си заминува од В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Со моделот Genesis G80 корејскиот бренд што е дел од Hyundai во САД атакува во луксузниот сегмент и има добра продажба, но затоа е очаен во В.Британија. На овој пазар од 2015 година досега се продадени само 59 примероци, па затоа Genesis се повлекува од островот.

Корејците сакаат со Genesis да земат дел од премиум пазарот каде владеат BMW 5 series, и Mercedes Benz E class. Проблемот со Genesis во В.Британија е што со мотор од 3.8 литри, овој автомобил не е многу конкурентен и интересен за европските купувачи. Тоа не е случај со САД.

Засега нема информација дали и кога Genesis повторно ќе се врати на британскиот пазар. Но, сега се очекува новиот Genesi SUV кој може да ја поправи работата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK