Fiat останува во Србија – во Крагуевац ќе се произведува нов модел

ОБЈАВЕНО НА:

Големата неизвесност добива на разрешница – Fiat останува во Србија. Ова го пишуваат медиумите во оваа соседна земја откако веќе подолго време под знак прашалник беше иднината на фабриката во Крагуевац.

Оваа вест доаѓа откако синдикатот на FCA во Крагуевац предводен од Зоран Марковиќ и директорката на фабриката Силвија Вернети одржаа состанок во Београд. “Со ова се завршени сите шпекулации околу наводите за заминување на Fiat од Крагуевац. Денес и официјално како претставници на работниците сме известени дека компанијата продолжува да работи во Крагуевац” изјави Марковиќ по состанокот со Вернети.

Марковиќ изјави дека на разговорот не се дискутирало околу условите под кои во иднина италијанскиот производител ќе оперира во Србија бидејќи за тоа ќе се разговара на посебен состанок помеѓу претставници на FCA и владата на Србија во чија сопственост се 33% од компанијата.

Image result for fiat b suv

Медиумите во Србија додаваат дека не само што Fiat ќе остане во Србија туку дека италијанскиот производител подготвува нов модел од B-SUV сегментот кој ќе го носи називот “601”. Со ова паралелно ќе се произведува овој нов модел како и акутелниот модел 500L кој треба да се произведува и во хибридна верзија. Со ова ќе се зголеми вработеноста, но и искористеноста на капацитетот.

Сепак треба да се напомене дека оваа вест не е потврдена од страна на италијанскиот производител, ниту пак италијанските медиуми кои важат за блиски до италијанскиот производител и кои секогаш ги објавуваат најновите вести поврзани со италијанските авто брендови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK