ЕУ не дозволува државна субвенција: Истрага за новата фабрика на Jaguar Land Rover во Словачка

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторите на Европската Унија отворија истрага околу изградбата на фабриката на Jaguar Land Rover и грантот од 125 милиони евра добиен од Словачка за изградба на фабрика, бидејќи се загрижени околу легалноста на овие мерки.

Помошта што Словачка и ја дава на компанијата е дел од 1.4 милијарди вредната инвестиција во регионот на Нитра, и каде треба годишно да се произведуваат до 300.000 возила. Во таа фабрика треба да се произведува следната генерација на Land Rover Discovery. Фабриката треба да се отвори во 2018 година.

Во игра за место за изградба на фабриката биле и локации во В.Британија, САД, Мексико и Полска, но Словачка била избрана поради добрата инфраструктура и добриот круг на добавувачи.

Европската комисија соопшти дека ќе испита дали овој проект е предизвикан од други фактори и дали субвенцијата од Словачка била причина производителот да ја избере оваа земја а не некоја друга од ЕУ. Исто така ќе се испитува и дали земјиштето каде ќе се гради е префрлено на име на Jaguar Land Rover и ослободувањето од плаќање надоместо е во согласност со правилата.

Ако се утврди дека има прекршувања можно е да се бара од Словачка да ја измени или намали веќе доделената мерка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK