ЕК: Ако сакате да произведувате во Европа мора да имате и хибриди и електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Европската комисија ја разгледува можноста од 2025 година да се воведе квота за електрични автомобили, пишува германското издание на весникот Handelsblatt, повикувајќи се на информации од извори запознаени со размилсувањата. Автомобилските компании кои работат во рамките на Европската унија, ќе мора задолжително да произведуваат одреден процент електрични или хибридни автомобили.

Германската Асоцијација на автомобилската индустрија (VDA) е цврсто против воведувањето на квоти. Производителите сепак се во прилично неповолна позиција заради аферата Дизелгјет”, при што се покажа дека повеќето големи автомобилски производители манипулирале со податоците за издувните во атмосферата штетни гасови, пишува весникот.

Се очекува официјална информација околу намерата на Комисијата да биде објавен до крајот на оваа година, а целта е да се стимулира производството на почисти технологии како електрични автомобили.

Ова е уште еден чекор во насока за помалку штетни гасови, што ја презема ЕК долгорочно и најновиот удар против автомобилската индустрија. Така на пример до 2030 година ЕУ сака да ги намали емисиите на испуштање штетни гасови за 40 отсто во споредба со 1990 година, а тоа треба да се случи кај поголем број на автомобилите во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK