фото: Pixabay

BMW отповикува 324.000 возила поради можност од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW отповикува 324.000 автомобили поради опасност од пожар. Оваа акција на BMW доаѓа по опожарувањето на BMW автомобили во Јужна Кореја поради технички пропусти.

“За последните серии на инциденти кои се случија во земјата, ние длабоко се извинуваме” изјави меѓу другото на првиот човек на BMW Korea, Ким Хјо Јон.

Дека состојбата е загрижувачка говори и фактот што до сега 13 сопственици на BMW автомобили од оваа азијска земја пријавиле дека нивниот автомобил сам по себе се запалил. Овие сопственици веќе покренаа судски постапки против германскиот производител барајќи оштета од 5 милиони вона што е еднакво на 4.447 американски долари.

Од Јужна Кореа ќе бидат повлечени 106 илјади автомобили, а германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг пренесе дека од Германија поради истата оваа причина ќе бидат отповикани 96.300 автомобили.