BMW со 40 нови модели ќе се бори против Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Откако беше симнат од Mercedes, сега планот на BMW предвидува претставување на 40 варијанти на нови модели или подобрени верзии, вклучувајќи ги и новата X2 компакт СУВ и Х7 кросовер. И сето тоа ќе биде понудено за две години. Ова ќе биде најголемата понуда на нови модели на BMW досега во историјата.

Оваа одлука на BMW доаѓа откако по шест години сега компанијата бележи пад во профитабилноста и 2016 е со најниско ниво. Првпат по повеќе од десетина години Mercedes го престигна BMW.

Досегашните обиди да се биде подобар не им одеа од рака на луѓето од BMW, па преработената серија 7 не успеа да ја предизвика Mercedes S class, а редизајнот на серија 5 беше претпазлив и не многу агресивен. Главниот извршен директор на BMW, Харалд Кругер е фокусиран на профитабилноста отколку на продажбата со цел да се сочуваат ресурси за скапата промена на една нова ера на автономното возење, електричните возила со план за пуштање во продажба на автономниот iNext во 2021.

Лани BMW потроши 5,16 милијарди евра, или 5,5 отсто од приходите на развој и истражување, а компанијата најави дека планира да потроши уште повеќе во следните две години. И покрај високите трошоци од компанијата предвидуваат мал раст на профитот во 2017 година.

Целта на BMW e да се бид енасилен бремд во овој сегмент и да се предизвика Mercedes и да има зголемување во волументот и приходите до 2020 година. За BMW поважен е профитот, и лани тие продадоа 2 милиони возила, додека Mercedes го надмина ривалот со 2,08 милиони возила.