Audi и Hyundai воспоставуваат соработка

ОБЈАВЕНО НА:

Audi и Hyundai Motors објавија дека двата производители започнуваат заедничка соработка околу развојот на возила со горивни ќелии. Со ова, Audi како и останатите брендови од Volkswagen групацијата ќе имаат директен пристап до know-how на Hyundai кое е акумулирано во текот на развојот на ix35 и Nexo.

Горивните ќелии претставуваат најнова можност за добивање на енергија. Тие генерираат електрична енергија многу ефикасно и тивко, а при тоа немаат негативно влијание врз околината. Оттука се смета дека овие горивни ќелии чиј основен ресурс е водородот се всушност иднината на автомобилизмот, па тука се наоѓа и интересот на двата производители да работат на заедничко истражување на ова поле кое може во иднина да им донесе голема конкурентска предност.

Шефот за развој на Audi, Питер Мертенс изјави дека соработката е одлична можност да се постигне пробив во технологијата на горивни ќелии. Задоволство од постигнатиот договор изрази и Са Хун Ким одговорното лице за горивните ќелии кај јужнокорејскиот производите. Ким потенцираше дека во моментот кога продажбата на автомобилите со оваа нова технологија ќе достигне бројка од 300 илјади, тогаш Hyundai ќе оствари голем профит.

Автомобилските производители влегоа во повеќегодишен патентен договор за вкрстено лиценцирање, покривајќи широк спектар компоненти и технологии за електрични возила со горивни ќелии, a автомобилските критичари сметаат дека епилогот на оваа соработка ќе биде крајно позитивен за двата производители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK