Ако имате пари и време: Новиот McLaren супер автомобил со астрономска цена

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2019 година McLaren ќе претстави нов супер автомобил со три седишта што ќе чини 2,5 милиони долари.
Засега возилото нема име, туку се води под кодната ознака BP23, и претставува важен за британската компанија. Возачкото седиште треба да биде поставено централно, слично како и распоредот на автомобилот што беше изработен од компанијата во 90-тите години од минатиот век.

„Уште од самиот почеток кога почнав да работам постојано ме прашуваа: Зошто не се обидете со уште еден автомобил со три седишта, изјавил Мајк Флевит, главниот извршен директор на McLaren во Женева.

Тој вели дека возилото нема да биде замена за неодамна промовираниот P1 хипер автомобил, туку е негова почит. Само 106 возила ќе бидат произведени , и сите се распродадени иако цената е навистина висока.
Купувачите морале да остават депозит од петцифрена бројка, и да имаат историја зад себе на сопственици на McLaren возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK