Американците ја обвинија Toyota за расизам

ОБЈАВЕНО НА:

Организацијата за кредитирање Toyota Motor Credit Company е обвинета од страна на Министерството за правда на САД. Во обвинението стои дека им нудела на купувачите на автомобили на Toyota кредити со различна камата.

Уште полошо за компанијата од Јапонија е тоа што каматата била зголемувана кога кредитот бил баран од страна на афроамериканци.
Ова се однесува за периодот од 1 јануари 2011 до 1 август 2016 година.

Во 2013 година имало слични обвинувања, но тогаш од Toyota Motor Credit Company успеале да ја убедат власта дека политиката се сменила и се оправдувале со зголемени промоции на дилерите.