Ако вака навредите полицаец во Австрија ќе добиете казна

ОБЈАВЕНО НА:

Судот во Тирол му изрече казна на еден Австриец, поради тоа што нарекол некој полицаец „штрумф“ во свој пост објавен на фејсбук.

Според Associated Press, сега веќе осудениот напишал коментар кон пост поврзан со казни за зголемена брзина во кој ги нарекол претставниците на законот „два штрумфа со ласер“, а најверојатно мислел на тоа дека се опремени со радар.

Тужбата била поднесена од страна на полицаец кој го прочитал коментарот. Судот решил дека таквиот коментар го нарушува јавниот морал со критиките на дејствието на двајцата полицајци и му доделиле казна од 160 евра.

Според локалниот весник Tiroler Tageszeitung осудениот рекол дека казната е како безопасна шега, а не како прекршок над полицијата. Тој изјавил и дека ќе поднесе жалба до судот за предложената казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK