Автономните возила може да заштедат милијарди долари годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајните несреќи ја чинат светската економија милијарди долари годишно, но со развојот на автономните возила овие трошоци може драматично да бидат намалени.

Во САД годишната штета од сообраќајните несреќи е повеќе од 340 милијарди долари, а доколку на улиците има целосно автономни возила би можело да се заштедат до 306 милијарди долари годишно.

За да се стигне до овие бројки, експерти од Global Positioning Specialists (GPS) ги пресметале можните заштеди не само во САД туку и во 73 други земји.
     
                               Топ 15 земји каде би имало најголеми заштеди

              земја                     загуба во мил.                        загуба во мил.
                                               во сообраќајни                 во сообраќајки
                                                                                         (автономни воз.)

Автономната технологија кај автомобилите воведува револуција во автомобилската индустрија со нивното ветување за подобрување на безбедноста и намалување на сообраќајните незгоди. GPS го комбинира процентот на БДП што се губи кај сообраќајките во рамките од вкупниот БДП на државата, заедно со процентот што автономната технологија може да придонесе за намалување на сообраќајните незгоди.

На листата ја нема Македонија, но ги има нашите соседи.
Во Србија со користење на автономни возила заштедата би била над 650 милиони долари, а максималната штета од сообраќајките би била 73 милиони долари.

Албанија би заштедила над 164 милиони долари.

Во Грција со користењето на автономни возила би се заштедиле годишно на 2,6 милијарди долари (292 милиони долари би била штетата на годишно ниво од сообраќајките)

Бугарија би заштедила над 880 милиони долари годишно, а во БиХ заштедата би била над 830 милиони долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK