Започнува релито Дакар 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално јануари е месецот кога секоја година на програмата се бројни возбудливи рели моменти. И оваа година како и низа наназад, релито Дакар ќе биде најголемиот настан во мото спортот.

Оваа година, за разлика во минатите релито ќе се вози само во една земја и тоа Перу.

41. издание започнува на 6 јануари од главниот град Лима, а ќе се возат вкупно 10 етапи со вкупна должина од речиси 5.000 киломтери. Релито завршува со прогласување на победниците на 17 јануари исто така во главниот град Лима.

Оваа година учество ќе заземат 343 учесници распоредени во пет категории кои ќе бидат главните актери на релито.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK