Новиот Citroen WRC в година треба да победува а во 2018 да донесе титула

ОБЈАВЕНО НА:
Тимот на Citroen Total Abu Dhabi WRC го претстави нивниот предизвикувач за 2017 година, C3 WRC, а шефот Ив Матон тврди дека возилото ќе биде победничко на рели трките следната сезона.
Французите се последни од производителите што го претставуваат возилото во согласност со новите технички регулативи што стапуваат на сила од релито во Монте Карло во јануари в година. Нормално е дека изгледот многу се разликува од ланскиот модел и во однос на перформансите.
Сега Citroen се враќа со целосна програма во првенството, а лани настапуваше само на одредени трки. Тимот се надева дека C3 WRC ќе се врати на победничките патеки како во минатото кога победи на 96 индивидуални трки и освои осум титули за производители.
c3-2
„Во 2017 година сакаме да победуваме во нормални околности, да ги победуваме ривалите. А во 2018 година целта е барем една од титулите да ја освоиме ние, вели Ив Матон, шефот на тимот.
Промените на правилата во 2017 година беа причината за враќањето на Citroen во WRC првенството.
„На прво гледање лесно може да се мисли дека ова се само надоградувања на досегашните правила. Но, има многу повеќе од тоа: зголемување на силата на моторот, зголеменото влијание на аеродинамиката и враќање на централно контролираниот диференцијал. Тоа се трите најголеми промени. Го искористивме нашето големо знаење во однос на овие три работи, од искуството со претходните возила, и нашите неодамнешни искуство на тркачките патеки. Тоа ни овозможи да бидеме побрзи, но и да размислуваме побрзо, вели Матон.
citroen-c3-2016_667_896x504
Новиот C3 WRC ќе се натпреварува против еднакво подготвени возила од тимовите на M-Sport, Hyundai и Toyota на вкупно 13 трки следната сезона.
Моторот што ќе го користи C3 WRC е 1,6 литарски турбо со директно вбризгување базиран на Citroen C-Elysee WTCC. Според новите правила, од овој мотор се користат 380 КС. Силата се пренесува на сите тркала, централен дференцијал, но и различна геометрија што ќе биде различна за возилото кога се трка на сафалт или макадам.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK