Што возат најголемите ѕвезди на фудбалскиот мундијалот во Русија?

ОБЈАВЕНО НА:

Во екот на Светското првенство во фудбал, додека фудбалската треска ја тресе целата планета, ви нудиме една интересна сторија во која можете да видите каков возен парк поседуваат дел од најголемите фудбалски ѕвезди во светот.

Фудбалот се менува неверојатно во последните десетина години, а најпопуларниот спорт им носи сè повеќе пари на фудбалерите.

Со ова играчите стануваат сè поскапи, а платите им растат постојано и им овозможуваат да купуваат сè што ќе посакаат. Најголемиот дел ги трошат парите на скапоцени автомобили, а со оглед на тоа што сумите се како шега за нив имаат и голема колекција.

Лионел Меси

Главниот фудбалер на репрезентацијата на Аргентина и на екипата на Барселона, Лионел Меси е голем љубител на автомобилите. Официјалните информации велат дека Меси поседува дури десет автомобили. Најскапиот примерок е сигурно Ferrari 335 S Scaglietti Spider, за кој се зборува дека го платил дури 32 милиони евра.

Тој во својата гаража ги има паркирани и Ferrari F430 Spider, Maserati Granturismo MC Stradale, Audi Q7, Audi R8, Audi R8 GT, Mini Cooper S Cabriolet и Dodge Charger SRT8.

Покрај овие фантастични возила, Меси во своја сопственост ги има и нешто поевтините примероци како што се Range Rover Velar и Toyota Prius.

Кристијано Роналдо

Капитенот на Португалија и првата ѕвезда на Реал Мадрид уште не знае дали ќе остане дел од кралскиот клуб во новата сезона. Сепак, она што се знае за него е дека автомобилите се неговата пасија и има голема колекција на екслузивни и брзи возила.

Неофицијално поседува дури дваесет, главно егзотични автомобили. Тој во своја сопственост ги има: Bugatti Chiron, Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador LP 700-4, Bentley GT Speed, Aston Martin DB9, Audi R8, Ferrari 599 GTO, Ferrari 599 GTB Fiorano, Ferrari F430, Rolls Royce Phantom, Maserati GranCabrio.

Ова не е крај на списокот. Тоа се само поскапите модели, а има и нешто поевтини возила како: BMW M6, Bentley Continental GTC, Mercedes-Benz C-Class Sports Coupé, Porsche Cayenne, Porsche 911 Carrera 2S Cabriolet, Porsche Cayenne Turbo, Audi Q7, Audi RS6 kao и Mercedes-Benz C220 CDI.

Нејмар

Лидерот на Бразил исто како и Роналдо уште не е сигурен за клубот во кој ќе игра следната сезона. Засега тој го држи најголемиот трансфер откако минатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ за сума од 198 милиони фунти.

Како и неговите колеги и тој има колекција на скапоцени автомобили. Неговиот возен парк ги содржи Ferrari 458 Italia, Maserati MC12s (направен во само 50 примероци), Audi R8 Spyder, Audi RS7, Audi Q7 kao и Porsche Panamera Turbo. Најевтиниот автомобил во неговата колекција е практичниот Volkswagen Touareg.

Луис Суарез

Уругваецот дефинитивно нема висока плата како претходно споменатите фудбалери на оваа листа, но тој е исто така голем љубител на автомобилите. За разлика од другите преферира СУВ модели.

Во своја сопственост ги има: Range Rover Sport, BMW X5 Black Edition, Audi Q7, Audi R8, но и реткото возило на европските патишта – Cadillac Escalade.

Андрес Иниеста

Големиот мајстор на фудбалот најверојатно го игра последното Светско првенство во кариерата. Играчот кој ја напушти Барселона, нема толку голема колекција како неговите колеги, но затоа во својата гаража има еден од најскапите автомобили во светот – Bugatti Veyron.

Покрај тоа има уште три автомобили и тоа: Audi Q7, Nissan Pulsar и Audi A7.