Повторно „среќна“ 13-ка за релито во 2017

ОБЈАВЕНО НА:

Следната сезона во СП во рели ќе има 13 трки, и ќе го видиме враќањето на автомобилските гиганти Toyota и Citroen. Со тоа ќе има ист број трки како и сезонава, но веруваме нема да има откажувања , бидејќи Volkswagen реши да се повлече.

И покрај повлекувањето на фабричкиот тим ќе има неколку возила што ќе им бидат понудени на приватни тимови.
Сезоната почнува со релито Монте Карло во јануари, и годинава ќе имаме микс на трки на асфалт, земја и снег н ачетири континенти, пред последната трка во Австралија.

Главната промена е пораниот датум за трката во Франција, за релито Корзика. И покрај напорите сезонава нема да ги има рели трките во Турција и во Кина, но ќе се работи на тоа во иднина повторно да бидат во календарот.

Монте Карло 19 – 22 јануари
Шведска 9 – 12 февруари
Мексико 9 – 12 март
Франција 6 – 9 април
Аргентина 27 – 30 април
Португалија 18 – 21 мај
Италија 8 – 11 јуни
Полска 29 јуни – 2 јули
Финска 27 – 30 јули
Германија 17 – 20 август
Шпанија 5 – 8 октомври
Британија 26 – 29 октомври
Австралија 16 – 19 ноември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK