Поради Дизелгејт: Volkswagen го крати буџетот на фудбалскиот клуб Волфсбург

ОБЈАВЕНО НА:

Првпат во 20 години неизвесно е дали Volkswagen ќе остане и спонзор на фудбалскиот клуб Волфсбург. Причината е кризата што постои во компанијата, а предизвикана од аферата дизелгејт. Сега се кратат трошоците, а тоа може да се одрази и на финансирањето на фудбалскиот клуб.

Поради популарноста на фудбалот многу компании решаваат да ги спонзорираат спортските екипи кои се идеални за креирање на маркетиншки платформи и привлекување на нови купувачи.

Волфсбург е град од околу 125.000 жители и постоењето му го должи на Volkswagen. Подигнат е по наредба на Адолф Хитлер во 1938 година, за да се произведува „народниот автомобил“, а половина од жителите се директно поврзани со компанијата.

Долги години VW е спонзор на клубот, иако тој потег често пати бил критикуван, бидејќи Волфсбург има ограничени видови на економија и нема меѓународна база на навивачи. Од 18 бундеслигаши, клубот е рангиран на петтото место со вредност од 184 милиони евра. Прв е Баерн Минхен кој има 27 титули и вреди 579 милиони.

Сега клубот е на работ да игра за опстанок по поразот од Хамбургер, и ќе игра со Ајнтрахт Брауншвајг во плејофот за опстанок. Засега нема официјален одговор од компанијата дали е можно да има промени во политиката на спонзорирање на клубот.

Во 2015 година клубот го освои Купот на Германија, и стигна до четврт-финалето на ЛШ, и работите почнаа да се менуваат во лоша насока. Сепак лошите резултати се повеќе поради промената на тренерот и заминувањето на најдобриот стрелец Кевин де Бруин.
По избивањето на аферата дизелгејт во септември 2015 година, од страна на VW е прекинат планот за изградба на нов младински центар вреден 40 милиони евра, но продолжи со финансирање на првата екипа, и тоа со 90 милиони евра по сезона.

Од 2014 година Volkswagen инвестираше околу 100 милиони евра за потпишување на белгискиот ас Де Бруин кој потоа беше продаден на Манчестер сити.
Плановите на компанијата се да укине 23.000 работни места во Германија до 2025 година, да ја оживее матичната марка и да ги ревидира сите инвестициски проекти, па деновите на рекордни трансфери во Фк Фолксбург може да станат историја.

Наместо тоа VW ќе има цел да потпишува договори со млади играчи кои се посветени на клубот, да го негува сопствениот погон, и да се ориентира долгорочно, а не на моментален успех. Тоа го подржува и новиот шер на компанијата, Матијас Милер кој не е загреан фан на фудбалот како неговиот претходник Мартин Винтеркорн.

Охрабрен со зголемувањето на профитот на премиум брендот Audi превзема 9 отсто од акциите на Баерн во 2011, и уште 19,9 отсто во Инглоштад, клуб што исто така е на пат да испадне од лигата. Уделот на Audi се намали н а8,3 отсто откако осигурителниот гигант Allianz го презема целиот пакет.

Сега дополнителен проблем е што во плеј офот меѓу Волфсбург и Ајнтрахт е то спонзор на соседскиот тим е Seat, дел од VW групацијата, а во Брауншвајт е финансискиот оддел н апроизводителот, како и најстарата фабрика во Германија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK