Ники Хајден добива споменик во родниот град

ОБЈАВЕНО НА:

Овенсборо, градот во Кентаки и родното место на Ники Хејден се спрема да oдаде чест на својот локален херој. Градот одлучи да го стори тоа со подигнување на статуата на “Кентаки Кид” на тревникот пред конгресниот центар во Овенсборо.

Инспирација за статуата е еден од незаборавните моменти на Хајден во неговата кариера, трката Лагуна Секи во 2006 година, шампионската сезона на Ники. Бронзената статуа на Хајден ќе го вклучи и американското знаме, исто како и на сликата. Освен статуата, Овенсборо го прогласи  9-ти јуни за ден на Ники Хајден.

“Секој ден ни недостасува”, изјави неговиот постар брат Томи. “Благодарни сме за поддршката што ја добивме од навивачите на Ники и со нетрпение очекуваме да видиме многу од нив присутни на отворањето на овој прекрасен споменик” додаде Томи Хејден.

“Со голема гордост сакаме да го зачуваме споменот на Ники”, рече градоначалникот. “Со ова сакаме да оставиме трајно сеќавање на сето она што Ники го постигна за време на својата кариера. Сакам да му се заблагодарам на семејството Хајден, кое ни овозможи да одбележиме еден живот, кој за жал, минатата година беше трагично прекинат” додаде градоначалникот..