На иста етапа: Два фаворити се откажаа на релито Дакар

ОБЈАВЕНО НА:

Во 4. етапа заврши настапот на Рели Дакар за двајца фаворити и тоа во различни категории.

Водечкиот во категоријата мотори, Сем Сандерленд не успеа да ја финишира етапата и ги разочара своите фанови. Тој имаше одличен резултат после првите три дена, но мораше да се повлече од трката веќе во четвртиот ден така што им ја олесни задачата на конкурентите.

Кај автомобилите, Сирил Деспре најавуваше кандидатура за висок пласман и атак на врвот во битката со Петерхансел, Леб и Ал-Атијах, но на 4. етапа не успеа да го исконтролира возилото.

После проблемите и обидите да се оспособи за возење немаше позитивен епилог, па Французинот мораше да се откаже од натамошното натпреварување на Дакар релито.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK