Lamborghini е заинтересиран за Ф1, само ако трошоците се намалат

ОБЈАВЕНО НА:

Извршниот директор на Lamborghini, Стефано Доменикали се уште е заинтересиран да ја види италијанската компанија во Формула1, но потенцира дека тоа нема наскоро да се случи.

Зборувајќи за австралиското издание на Motoring, на светската премиера на моделот Aventador S, Доменикали навести дека Lamborghini може да влезе во овој спорт само доколку има промени во Формула 1.

„Допирате многу сензитивен дел од моето срце, и сакам да бидам целосно искрен со вас. Денеска имаме други приоритети, и мораме да биде целосно фокусирани на… Утре? Бидејќи моторспортот секогаш ќе биде дел од Lamborghini, доколку Ф1 мотороспорт платформата се смени, и ние имаме цврстина како компанија…Одговорот е зошто не? Може да биде, изјави Доменикали.

Според поранешниот шеф на Ferrari, главната пречка во моментов се големите средства потребни за влез во спортот.

Сега Lamborghini е целосно посветен на развој и претстојната промоција на новиот Urus SUV. Моделот треба да биде најбрзиот светски СУВ и д аја дуплира продажбата на годишно ниво до крајот на 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK