Холандија може да добие трка во Ф1 во некоја од следните години

ОБЈАВЕНО НА:

Во некоја од следните сезони во Формула 1 можно е да има ГН на Холандија и тоа на пистата „ТТ Асен“. Оваа патека доби одобрение од ФИА така што сега останува само да се види дали ќе успее да дојде до место во календарот на Ф1.

За да се добие можност за тркање во шампионатот ќе мора прво да се направат мали измени. Главниот адут на патеката во Холандија е огромниот интерес кон Макс Верстaпен кој бележи сè подобри резултати.

Оттаму покрај „Асен“ во игра за организација на трката е и „Зандворт“, па сега на ФИА ќе биде да избере и да им овозможи на Холанѓаните да гледаат трка во Формула 1.

Доколку некоја од овие две патеки добие дозвола за трка тогаш тоа ќе биде враќање на натпреварите во Холандија после долга пауза. Последен пат една трка во Формула 1 била организирана во Холандија во 1985 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK