Рикардо е шампион на претекнувањата за 2017

ОБЈАВЕНО НА:

Ф1 ѕвездата од Австралија кој се наоѓа зад воланот во болидот нa Red Bull, Даниел Рикардо е број 1 за 2017 година според бројот на претекнувања на трките во Формуала 1. Тој има 43 претекнувања, а дури 13 од нив ги има направено на трката за ГН на Велика Британија. На оваа трка стартуваше од последните редови така што мораше да си го пробива патот кон врвот, па направи голем број на претекнувања.

Со овие бројки е убедливо пред конкуренцијата, додека неговиот колега Макс Верстапен има 22 претекнувања што го прави тимот на Red Bull најдобар во оваа категорија во Ф1.

Во првиот круг најмногу претекнувања има пилотот на Williams од Канада, Ланс Строл. Тој редовно имаше лоши настапи во квалификациите, па на трките наместуваше и успеваше да стигне до бодови. Воедно имаше и силен прв круг, па оттаму и има толку многу претекнувања.

Според статистиката која ја водат од Pirelli во 2017 година бројот на претекнувања е помал во однос на претходната. На 20 трки во 2017 година се запишани само 435 претекнувања што е за 49 посто помалку од 2016 година кога имаше 866 претекнувања.

Најголем број на претекнувања на една трка се направени на ГН на Азербејџан каде имаше 42, додека во Сочи на ГН на Русија имаше само едно претекнување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK