Револуција во Ф1: Фетел на Силверстон ќе го проба заштитникот за возачот на кокпитот

ОБЈАВЕНО НА:

Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел ќе биде првиот човек во Формула 1 што ќе го проба заштитникот на кокпитот на болидот и тоа на првите слободни тренинзи на гран при викендот за ГН на В.Британија. Тој ќе извози повеќе кругови на патеката, а потоа ќе се фокусира на работата на тимот за квалификациите и трката.

„Ќе ја користам утре, и ќе видиме како ќе изгледа. Ја имам видено на компјутер, но првпат ќе ја видам во живо, изјави Фетел.

ФИА работи со месеци на планот, а Монца е посочено како место каде првично би требало да се искористи за вистинско тестирање Во зависност од прогресот на првите тестови, можно е во текот на петочните слободни тренинзи да има и други нови тестирања од страна на Ferrari.

Иако ФИА планира да го применува оној заштитник од 2018 година, шефот на Red Bull, Христијан Хорнер предупреди да не се брза без да се направат сите потребни тестирања, и дека примената од 2019 година би било пореално.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK