Новата дама во Формула 1 ги налути мажите

ОБЈАВЕНО НА:

На тестирањата пред почетокот на новата сезона во Формула 1 можеше да се забележи главно ист однос на силите и слични резултати на најдобрите екипи. Сепак, на пистата можеше да се забележи и ново име и тоа во нова дама зад воланот.

Новото лице во Формула 1 е Татјана Калдерон, која е првата жена во последните неколку години која успеа да стигне до тест возење, но и жена која прилично успеа да го растресе светот на автомобилизмот со коментарите.

Колумбијката има 25 години, а ги налути мажите со некои свои изјави, но на тој начин и ја подгреа атмосферата пред стартот на сезоната.

„Тажно е што нема повеќе жени на ова ниво на натпреварување, но сите мора да тргнеме од нула. Целта е што повеќе девојчиња во картинг за почеток. Мора да научат дека и ова е нешто со што можат да се занимаваат. Далеку од тоа дека лесно ќе се доближиме до тоа да сме 50:50 во овој спорт со мажите, но мораме да го зголемиме бројот на жените во автомобилизмот“, изјави Калдерон, која е тест возач на тимот на Заубер.