Нов проект: Од 2019 година Формула 1 за жени?

ОБЈАВЕНО НА:

Со оглед на тоа што бројот на девојки коишто сакаат да седнат зад воланот во Формула 1 станува сè поголем, но не можат да добијат шанса за да возат и на трките се прави план од 2019 година да се направи шампионат во Формула 1 за жени.

Планирањето на ова натпреварување е веќе во напредна фаза. Се планираат шест трки од кои пет би се возеле во Европа, а една во САД. Шампионката ќе добие можност да тестира со најновиот болид од Формула 1.

Компанија од Лондон која е најзагреана за активирање на ваков шампионат планира до 2022 година да го направи ова натпреварување второто на листата веднаш зад Формула 1.

Ваква идеја имаше и во 2015 година од страна на поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун, но тој не ја доби поддршката, па затоа остана без можност да организира женска верзија на Формула 1.
Сега ситуацијата е нешто поинаква бидејќи постојат неколку телевизии коишто имаат заинтересираност да вршат преноси од натпреварување за жени.

Последната дама која што беше зад воланот на болид во Ф1 е Сузи Волф. Таа тестираше за Williams, но не успеа да се избори за место во тимот на трките и ја заврши својата кариера.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK