Кариерата на Хамилтон низ бројки (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Луис Хамилтон во Мексико ја прослави својата четврта светска титула во Формула 1, и стана првиот Британски возач со толку трофеи. Сега Хамилтон се израмни со Себастијан Фетел и Алан Прост, кои исто така имаат по четири титули.

Хамилтон првпат ја освои титулата во 2008 година, а потоа двапати по ред во 2014 и 2015 година. Лани светски првак стана Нико Розберг, неговиот клупски колега од Mercedes.


Еве ги најважните детали во кариерата на Хамилтон низ бројки:

1- Првата трка на Хамилтон беше во Австралија на 18 март 2007 година со McLaren. Заврши како тертопласиран.

4 – Број на освоени титули. Една со McLaren во 2008, и 2014, 2015 и 2017 со Mercedes.

9 – Сезонава Хамилтон победи на девет трки.

11 – Најмногу победи во една сезона (во 2014)

16 – Најмногу појавувања на подиум (2014/2015)

22 – На 22 годишна возраст Хамилтон дебитираше

23 – Хамилтон стана најмладиот светски првак со 23 години и 301 ден во 2008 година. Сега тој рекорд го има Себастијан Фетел кој стана светски првак со 23 години и 134 денови, во 2010 година.

40 – Хамилтон победи на 40 трки со Mercedes откако му се приклучи на тимот

44 – Број на болиод, што го користи откако ја почна јуниорската кариера

62 – Број на победи досега за Хамилтон, најмногу од сите по заминувањето на Шумахер (91). Првата победа за Хамилтон беше во 2007 година во Канада.

72 – Најмногу пол позиции од сите возачи, рекорд. Првата пол позиција ја оствари во 2007 година во Канада

116 – На подиум досега Хамилтон се искачил 116 пати

117 – Рекорден број на стартувања на трка од прв ред

206 – Број на трки на кои настапил. Хамилтон е единствен возач што победил барем на една трка во секоја сезона во која настапувал.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK